Грчкиот Парламент вечерва треба да гласа за ратификација на Преспанскиот договор

Во 9.30 часот денеска продолжува расправата за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент, а гласањето се очекува до вечерва или најкасно во текот на ноќта.

Првиот ден од пленарната седница во грчкиот Парламентот започна вчера, а од партиите Нова демократија, Демократска алијанса, Златна зора и Независни Грци излегоа со барања и обвинувања до грчката влада, а жестоката дискусија околу процедурални прашања, заврши со отфрлање на приговорите од Нова демократија, Златна зора и Независни Грци, по што започна суштинскиот дел од расправата за ратификација на Договорот од Преспа.

На расправата за ратификација на Договорот од Преспа, пријавени за збор се 205 од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент, како и координаторите на партиите, министрите во владата и лидерите на политичките партии.

Извор: ТВ21