Грчкото МНР му врати на Мицкоски: Македонското прашање е решено и неповратно!

Грчкото МНР ги оквалификува како провокација кон Грција изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на САД, каде рече дека „македонското прашање и натаму не е решено“.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се наведува:

„Во изјавите во Њу Џерски, премиерот на Северна Македонија одлучи да зборува за нерешеното и постоечкото македонско прашање. Тоа е провокација што се обидува да го врати на дневен ред прашање кое е решено дефинитивно, и неповратно. Грција потсетува дека натамошниот напредок во нејзините билатерални односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат на соседната земја, подразбираат почитување на Договорот од Преспа, и воздржување од ирединистички изјави и тврдења на штета на соседите“, се вели во соопштението.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното