Грејната сезона во Скопје стартува на 15 октомври

Од 15 октомври започнува грејната сезона 2025/2026 за скопјани приклучени на системот за централно греење управуван од АД ЕСМ. Сезоната може да почне и порано, доколку средната дневна температура се спушти на 12 степени или пониско.

На веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавува дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија до официјалниот старт на сезоната.

Од компанијата апелираат потрошувачите навремено да ги проверат и одржуваат своите грејни инсталации, да овозможат пристап до потстаниците и да обезбедат редовно електрично напојување, за да има непречено снабдување со топлина.

Списокот на објекти без услови за греење, како и контактите за пријави и информации, е достапен на веб-страницата на ЕСМ.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.