Шведската активистка Грета Тунберг синоќа изјави дека таа и другите притвореници од флотилата во Газа биле подложени на тортура во израелскиот затвор каде што биле притворени, објави Ројтерс.
Тунберг на прес-конференција во Стокхолм изјави дека таа и другите притвореници биле „киднапирани и мачени“ од страна на израелската армија.
Таа одби да даде дополнителни детали, но додаде дека немала пристап до чиста вода и дека на другите притвореници им е одбиен пристап до витални лекови.
„Лично, не сакам да го споделувам она низ што поминав бидејќи не сакам тоа да стане наслов во медиумите и да се каже: „Грета беше мачена“, бидејќи тоа не е приказната“, рече Тунберг, додавајќи дека она на што биле изложени приведените од флотилата во Газа бледи во споредба со она низ што луѓето во Газа минуваат секој ден.
Израелското Министерство за надворешни работи постојано негираше дека притворените биле малтретирани.
„Сите притвореници… имаа пристап до вода, храна и тоалети; не им беше одбиен пристап до адвокат и сите нивни законски права беа целосно почитувани“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи минатата недела.
Тунберг беше дел од флотила што се обиде да стигне до Газа за да достави хуманитарна помош и да привлече внимание кон тешката состојба во енклавата, каде што повеќето жители се протерани од своите домови и, според ОН, гладот е широко распространет.
Тунберг беше приведена заедно со 478 други лица од флотилата и протерана од Израел во понеделник.
Израел вели дека извештаите за глад во Газа се претерани и ја нарече флотилата публицитет во корист на палестинската милитантна група Хамас. Тунберг беше приведена во јуни за време на сличен обид за пробивање на поморската блокада на Газа од страна на Израел.
Читај и ова:
- 1.Кампањата за Локалните избори влегува во втора половина – партиите со средби низ целата држава
- 2.Предупредување од експерти: Никогаш не истурајте млеко во мијалникот
- 3.Дубаи „хистеријата“ сега е многу повеќе од чоколада
- 4.ВИДЕО Еве кои се лицата кои го оставија празниот куфер кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
- 5.Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 20 степени