Грк убил Албанец поради расправија за името Македонија

Петрит Зифле, 63-годишен мигрант од Албанија во Грција, убиен е пред неколку дена од 44-годишен грчки државјанин, по претходна расправија околу името на Македонија.

Петрит работел како фармер, а меѓу локалните жители бил познат како Петрос, бил убиен од локален жител кој бил припадник на екстремно-десничарската партија „Златна Зора“.

Во една од локалните кафани тргнала расправија околу името на Македонија, со што се вмешал и Петрит кој влегол во расправија со убиецот. Албанецот бил отстранет од кафаната, а Гркот го навредувал и пцуел.

Нешто подоцна убиецот го начекал во заседа Зифле, и го убил со ловџиска пушка, а телото му го фрлил во ендек покрај патот, на 3 километри од градот Лефкими. Телото го нашол случаен минувач со автомобил следното утро.

Убиството е веќе расчистено, а убиецот го признал делото и е приведен. Според порталот Македонски весник Илинден – Албанија, Петрит бил етнички Македонец.

Извор: ТВ21