Грозданов: Рударството – пропуштена шанса или двигател на македонската економија?

Рудните богатства што ги поседува Македонија можат да бидат клучен фактор за економскиот развој на државата. Но, наместо да се искористат паметно и стратешки, ние се соочуваме со регулаторни бариери, политички интереси и дезинформации кои ја кочат рударската индустрија.

Во моментов, светската цена на златото е на историски рекорди, а Македонија поседува ресурси кои би можеле да донесат милионски приходи, пишува во својата последна колумна аналитичарот и рударски инженер, Виктор Грозданов.

„Цената на златото вртоглаво расте. Во моментов, една унца (29,8 грама) достигна цена од 2.900 евра, а се очекува да ја помине границата од 3.000 евра по унца. Тоа значи 100 евра за грам. Оваа информација е клучна во контекст на нашето рудно богатство. Она што јас, но и сите кои следат случувањата на пазарот на минерални суровивини,  забележуваме интересен тренд: најголемата побарувачка за злато во моментов доаѓа од САД. Само во декември, од Швајцарија во Америка биле префрлени 64 тони злато. На прв поглед, ова изгледа нелогично, но е поврзано со стравот од протекционистички мерки и одлуки кои го прават златото безбедно засолниште за инвеститорите. Каде е Македонија во оваа слика? Клучното прашање е: зошто Македонија не ги искористува своите рудни потенцијали во полза на својата економија“, пишува Грозданов во колумната „Сите лаги за рудниците (3): Златото, рудниците и вистината која ни ја кријат“.

Тој наведува дека Науката и технологијата овозможуваат екстракција на минерали на еколошки начин, со нови, безбедни методи како тиосулфатната постапка и смета дека  наместо слепо да се отфрла рударството поради митови и стравови, неопходно е транспарентно да се дискутираат сите можности.

Што треба да направи Македонија? Македонија мора да се фокусира на паметно искористување на своите ресурси, без да дозволи манипулации од страна на политички и економски интереси, како онаа група лажни еко активисти, кои работат против националниот развој. Потребни се научни анализи и транспарентна дискусија за реалните можности за развој на рударската индустрија.За крај, Македонија има огромен потенцијал во рударството, кое може да биде двигател на економскиот развој и подобрување на инфраструктурата“, вели Грозданов во својата колумна.

Според Грозданов, ако сакаме Македонија да има економски суверенитет, мора да ги искористиме ресурсите што ги имаме.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното