Историски гледано секогаш рудниците развивале населени места и во непосредна близина градови околу себе. Таков еден случај е рудникот Алшар, пишува во најновата колумна аналитичарот и металуршки инженер. Виктор Грозданов.
„Постојат факти дека во 1978 година се случила средба на раководството на СФРЈ на која се дебатирало дали овој рудник да се даде на НАСА за Американците да го експлоатираат металот кој се наоѓал таму. Станува збор за лорандит минерал на талиумот. Во близина на рудникот во кој се копало 5000 години е создадено селото Мајдан во 1877 година, во околината на Кавадарци“, пишува Грозданов.
Поради целосно запирање на работата во рудникот, таму денес живеат само две лица. Во минатото, во сегашноста и иднината приказната е следна, раскажува Грозданов.
„Минатото е дека од арсенската руда од рудникот Алшар му носела 1500 акчиња на турскиот султан од вкупно 13.800 од целата империја. Акче е тогашна турска пара. Сегашноста и иднината е дека штом има арсен значи дека има злато. Кое е докажано. Плус и други метали меѓу кои и талиумот, но и бел минерал најверојатно боракс во неограничени количини, а жителите го употребувале за миење алишта, садови, простории по дома итн. Денес како што напоменав таму има големо наоѓалиште на злато. Геолозите тоа го поврзуваат со големото присуство на арсен“ тврди Грозданов.
Металурзите посебно екстрактивците вели тој, знаат точно како да вадат чисто злато, а при тоа да не ги загрозат сите човекови потреби воздух, вода, храна.
„Да дадам еден пример. Сите сте чуле за лекот рицинусово масло. Дали знаете дека растението или цветот содржи токсичен елемент рицин. Токму со ваков отров е убиен бугарскиот дисидент Марков. И тоа со количина помала од 1 милилитар. Фармацевтите умеат да ги изолираат штетните супстанци и да произведат лек исто како што рударите и металурзите умеат да спроведат најмодерни технологии кои ќе обезбедат целосна безбедност за животот, здравјето, земјоделските производи и животната срединa, вели Грозданов.
За жал во Македонија, додава тој , во овој момент против модерните рударски технологии се обидуваат да се наметнат лица кои се кријат зад некаков активизам, тие се обични манипулатори кои немаат стручна наобразба да разберат што всушност им зборува науката и за да ја сокријат таа своја празнотија најчесто се служат со навреди.
Притоа се работи за алчни луѓе кои заради претходни професионални порази се лесна мета на анти НАТО и анти ЕУ сили, кои со пакети за нивна лична корист ги имаат насочено да одработуваат против економската независност на Македонија со опструкции од различен вид за да по секоја цена се спречи изградба на нови рудници, вели Гроданов и додава дека ваквата состојба мора да се смени затоа што Македонија лежи на бакар и можеме како држава да имаме економски бум.