Зошто во државава се поддржува монопол кога станува збор за ископ на бакарна руда во полза на еден рудник, додека останатите инвестиции во рудници за бакар се закочени, прашува рударскиот инженер и аналитичар, Виктор Грозданов во својата најнова колумна.
„И сега си поставувам логични прашања зошто е создаден монополот Бучим со тоа што во моментов само нему му е дозволено да ископува бакар, клучна минерална суровина за кој што побарувачката секојдневно расте, а при тоа да користи застарени технологии. Додека, од друга страна закочени се неколку нови инвестиции во рударски капацитети кои согласно законот ќе користат современи технологии безбедни за животната средина, а корисни за македонскиот економски развој, како на пример што е инвестицијата за отворање на рудникот ‘Иловица – Штука’’, пишува Грозданов.
Тој истакнува дека инвеститори на овој проект јасно и недвосмислено даде изјава дека при експлоатација на минералните суровини во идниот рударски комплекс „Иловица – Штука“, нема да се користи цијанид согласно Законот за минерални суровини и дека компанијата се заложува за технологија на „суво јаловиште“ при менаџирањето на отпадот од рудникот и се обврзува на изградба на нов водоводен систем за потребите на локалното население“.
„Одговорот мора да се бара во следниве нарачки кои логички се поврзуваат со еден рудник:
- Во нацрт верзијата за Стратегијата за минерални суровини, напишана и сугерирана од поранешниот ректор на Универзитетот Гоце Делчев, сега демек секретар на МАНУ г-дин Блажо Боев цело време се инсистира дека Бучим е рудник само за Бакар?, а јас ќе дадам други предлози за докази дека има и злато;
- Како тоа наеднаш екологистите од зелените политичари се поделија во две насоки кои државата од неразбирливи причини не ги прати, а тие се следниве:
Едната вели дека Иловица-Штука не смее да има хидројаловиште и премолчува дека инвеститорите јавно кажаа дека идат на сува постапка (најмодерна технологија), ама инсистира да хидројаловиштата бидат внесени во законот за минерални суровини, без притоа да каже дека одработува за најголемото хидројаловиште, а тоа е БУЧИМ.
Другата се погрижи да го сменат законот за животна средина и да ја стави државата дека мора да се откаже од 3 милијарди евра данок и 150 илјади новоотворени директни и индиректни работни места. Ова е потврдено од најинформираните економисти во Македонија“, пишува Грозданов во колумната насловена „Сите лаги за рудниците (2)“.