Од 1 јануари патарините во Грција ќе поскапат од 1,8 евра на 3 евра согласно новиот ценовник кој стапува на сила од 1 јануари, објави Ефимерида“.
На автопатот „Егнатија“, кој се протега од јонскиот брег сè до границата со Турција, според договорот на грчката влада со концесионерите. Станува збор за поскапување од околу 3 центи по километар.
Дополнително, покрај сега познатите патарини, ќе се воведат уште 43 излезни наплатни рампи. На излезот кај Аспровалта ќе се плаќаат 1,42 евра, а излезот за Кавала ќе се плаќаат 2,36 евра. На наплатната рампа Тириа, меѓу Игуменица и Јанина, наместо досегашните 2,10 евра, отсега ќе се плаќаат 3,42 евра. На вертикалните исклучоци кај Јеропиги ќе се плаќаат 2,36 евра, а на наплатната рампа што најмногу ги засега Македонците, онаа близу „Евзони“ патарината од досегашните 1,8 евра е зголемена на 3 евра. На наплатната рампа Промахона патарината е непроменета – 2,4 евра.