Грција го изгласа Протоколот, за 7 дена и официјално Република Северна Македонија

Грчкиот парламент со 153 гласа „За“ вечерва го ратификуваше протоколот со кој се отвора патото на Република Северна Македонија за членство во НАТО. Грција е првата држава која го ратификува, а тоа треба да го направат и сите останати членки на НАТО.

Со ратификацијата на протоколот, речиси во целот се исполнува договорот од Преспа кој беше потпишан пред осум месеци на грчката страна од Преспа, а потоа преку воден пат делегациите пристигнаа и на македонската страна.

Во грчкиот парламент од утрово се водеше жестока дебата, а опозицијата претходно најави дека ќе гласа против ратификацијата на протоколот.

Она што треба следно да се направи помеѓу двете држави е размената на ноти, а веднаш после тоа ќе се испрати писмо до ОН и сите останати меѓународни организации дека новото уставно име на нашата земја ќе биде Република Северна Македонија.

Извор: ТВ21