Во 14:05 часот по македонско време, беше регистриран нов земјотрес во Грција, поточно во јонското море со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот е регистриран повторно во близината на Закинтос, кој последните неколку недели е „мета“ на земјотреси, односно на 289 километри западно од Атина на длабочина од 2 километри.
Инаку утринава имаше земјотрес во близината на Катерини, кој беше почувствуван и во делови и од Македонија.