„Грција се стреми кон добрососедски односи“, вели Павлопулос

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос во честитката по повод Новогодишните и Божиќните празници, се осврна и на грчките национални прашања: турско-грчките односи, прашањето за Кипар и спорот за името, односно Преспанскиот договор.

Во однос на Македонија, Павлопулос, ги повтори ставовите од изминатиот период  –  дека Грција нема да прифати толкувања кои се своеволни или зрачат иредентизам. -Не сме подготвени во пресрет на дефинирањето на договорот од Преспа и секако пред неговата ратификација, да прифатиме толкувања на Договорот од Преспа кои што се своеволни или зрачат иредентизам, бидејќи уште ништо не е завршено, порача Павлопулос. Според него, Грција „се стреми кон пријателски и добрососедски односи и во пракса покажува дека поддржува членство во НАТО и Европската унија”, но објасни дека за тоа предуслов е решавање на прашањето со името „согласно историјата и меѓународното право, а само откако ќе заврши уставната ревизија што ќе ги содржи сите гаранции”, тогаш Договорот ќе дојде за ратификација во грчкиот Парламент.

Извор: ТВ21