Груевски му се јавил на Вучиќ по случувањата на 27-ми април во Собранието

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во вечерашното телевизиско интервју изјави дека имал често контакти во минатото со екс-премиерот Никола Груевски, но во последно воопшто не се слушале. Вучиќ открива дека Груевски му се јавил кога била случувањата во Собранието на 27. април и побарал од него да повика на мир, бидејќи како што рекол Груевски, на Вучиќ му верувале.

„Во последниов период не сум разговарал со Груевски или некој од неговите луѓе. Со Заев имаме нормални односни. Македонија ни е еден од најблиските народи и допрва ќе имаме имаме уште подобри односи“, изјави Вучиќ и додавајќи како Груевски стигнал до Унгарија.

Извор: ТВ21