ГТЦ кој се наоѓа во срцето на Скопје предничи во нетранспарентност. Тој се наоѓа на првото место на листата за индексот за транспарентност и отчетност на 30 најголеми јавни претпријатија и акционерски друштва, подготвен од страна на Центарот за граѓански комуникации. На второ место се најде јавното претпријатие Хисар во Штип, а на трето е Јавното комунално претпријатие од Тетово.
Меѓутоа, независно од негативните оценки за 18 од 30 најголеми претпријатија во државна сопственост, излегува дека ниту едно не е казнето за неисполнување на обврските.
Идејата за оценување на транспарентноста и отчетноста, според Факиќ влијае на намалување на корупцијата во бизнис секторот. 30 најголеми државни претпријатија имаат над 700 милиони евра со кои располагаат, но не го задоволуваат потребно ниво за транспарентност и отчетност. Тие освен што не даваат информации и не ги објавуваат одлуките од состаноците на регулаторните тела, тие не ги објавуваат ниту тримесечните или годишните финансиски извештаи за што имаат законска обврска. Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, претпријатието Државни патишта е најтранспарентно претпријатие, по него следува МЕПСО, а на трето место е јавното претпријатие Паркови и зеленило Скопје. Осумнаесет директори на најголемите претпријатие не ги исполниле законски критериуми.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ