„Х Фактор“ престанува со снимање по 17 години

Во 2018 година беше паузирано снимањето на популарното шоу „Х Фактор“ на пет години поради зачестеност, но извори тврдат дека е малку веројатно дека шоуто ќе се врати на малите екрани.

Познатиот Сајмон Кауел го започна шоуто во 2004 година, а последната сезона се прикажуваше во 2018 година.

Форматот и натаму е успешен во цел свет, но Сајмон смета дека британската верзија станала помалку зачестена и досадна.

Кауел наводно одлучил да го одложи прикажувањето на пет години, но други извори тврдат дека најверојатно шоуто нема ни да се врати, пишува Дејли Мејл.

Во последната сезона на британски „Х Фактор“ членови на жирито беа Сајмон Кауел, Луи Томлинсон, Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд.