ХАЛИД Бешлиќ почина на 71-годишна возраст.
Музичарот ги помина последните неколку недели во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, на Одделот за нефрологија, а од болницата ја објави својата последна песна.
Песната „Сејда“ е посветена на неговата сопруга Сејда, со која е во брак речиси 48 години. Создадена е во соработка со музичарот Александар Милиќ Мили од групата „Милиграм“, а текстот го напиша Фахрудин Пецикоза. Песната е објавена на 11 септември.
Халид ја запознал својата сопруга пред да стане популарен музичар, а таа му била најголема поддршка во текот на целиот живот и била покрај него кога доживеал тешка сообраќајна несреќа во 2009 година.
Халид зад себе оставил син и внуки, близначките Ламија и Белмина Кана, кои живеат со своите родители во Германија.