Мегапопуларниот босанскохерцеговски хитмејкер Халид Бешлиќ (71) се наоѓа на одделот за онкологија во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево. Според најновите информации до кои дознава „Република“, за жал, изгледа дека во неговото закрепнување нема напредок.
„Халид е и понатаму во непроменета состојба. Многу е лошо, лекарите се борат за неговото здравје, па и за животот. Семејството ги намали посетите бидејќи не сакаат да му доаѓаат многу луѓе и дополнително да го оптоваруваат. Тешко е… Жал ми е што го велам ова, но мислам дека е потребно вистинско чудо за да се извлече од оваа ситуација. Тажно е, бидејќи станува збор за еден добар човек“, открил извор за „Република“.
Изворот тврди дека Халид во болницата, покрај неговото семејство кое е постојано со него, претходно го посетил и претседателот на Босна и Херцеговина со делегација.
„Свесен е дека ситуацијата е сериозна“
Да потсетиме, колегата на Халид, Осман Хаџиќ, неодамна го посетил и сподели информации за неговата здравствена состојба.
„Пред два дена бев кај него, поминавме заедно околу два, три часа. Халид сето тоа добро го поднесува. Апсолутно по неговиот говор и однесување не би се рекло дека е болен. Многу е добар, ментално е силен. Свесен е дека ситуацијата е сериозна, но добро се носи со тоа“, изјавил Хаџиќ за „Телеграф“.