Евро-комесарот за проширување на Е.У. Јоханес Хан, пред посетата на Приштина, два часа разговараше со српскиот претседател Александар Вучиќ. Главна тема била воведувањето на таксите на Косово од 100 насто на српските производи.
Претседателот Вучиќ го предупредил Хан на можните последици на одлуката на Косово како и за прекршување на договорот на ЦЕФТА, истакнувајќи дека мерките од Приштина носат дестабилизација на регионот, соопштија од кабинетот на претседателот на Србија.
„Србија нема да врати со било какви контрамерки кон Косово, затоа што сака да остане верен партнер на регионот и во Европа и во Светот“, му соопштил претседателот Вучиќ на Хан.
Иако не било планирано Хан да го посети Белград, сепак, тоа го одлучил непосредно пред неговото заминување во Приштина.