Хан: Веднаш да биде повлечена одлуката на Косово за зголемување на таксите на српските производи

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на својот „Твитер“ профил го искоментира зголемувањето на таксите од страна на Косово на српските производи.

„Овој потег на Косово мора веднаш да се повлече. Тоа му нанесува штета на ЦЕФТА спогодбата и принципот на регионална фер трговија“, напиша Хан.

Потегот на Приштина да воведе 100% покачување на таксите на српските производи ја загрижи и високата представничка на ЕУ Федерика Могерини која исто така побара таа одлука да биде повлечена.


Извор: ТВ21