Премиерот на Република Косово, Рамуш Харадинај, денеска на социјалните мрежи објави дека имал средба со неговиот колега Зоран Заев од Република Северна Македонија.
„Денеска се сретнав со мојот колега од Република Северна Македонија, Зоран Заев, кому му честитав за успешното завршување на Преспанскиот договор, гарантирајќи му на народот и соседната држава јасна евро-атланска перспектива. Косово останува посветено на градење стабилен регион и во тој поглед односите со официјално Скопје се одлични“ пишува Харадинај.
