Харадинај: Русија носи дестабилизација, НАТО и САД значат мир

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај истакна дека активното присуство на Русија го дестабилизира Балканот, а политиката на САД и НАТО значи мир во тој регион.

Тој на својот профил на „Фејсбук“ реагираше на изјавата на претседателот на Русија Владимир Путин дека политиките на САД носат дестабилизација на Балканот.

„Активното руско присуство на Балканот имплицира дестабилизација“, напиша Харадинај.

Извор: ТВ21