Харадинај со предупредување до Брисел за можна дестабилизација на Балканот

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај истакна дека зачленувањето на Косово во Европската унија ќе го зајакне мирот, а воедно и ќе го ослабне влијанието на Русија, чиј што интерес, според него, е „да одржува хаотична ситуација во регионот“, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за „Фајнешел Тајмс“, Харадинај му порачува на Брисел дека треба сериозно да се земат аспирациите на Косово за зачленување во ЕУ, за да се избегне понатамошна дестабилизација на Балканот.

Воедно, Харадинај ја обвини Србија дека дејствува во интерес на Русија. Ја обвинува Србија за дипломатски офанзива за да се оспори државноста на Косово.

„Додека ЕУ продолжува да инвестира во фондови и персонал за нормализирање на ситуацијата во Косово и во регионот, сите дејствија на Србија се против интересите на ЕУ за стабилизација на Западен Балкан и во полза на руските интереси за продолжување на оваа хаотична ситуација во нашиот регион, истакна Харадинај.

Извор: ТВ21