Премиерот на Косово Рамуш Харадинај денеска по средбата со американскиот амбасадор Филип Коснет, рече дека Косово нема намера да ги укине таксите за српските производи. Пред средбата некои се понадеваа дека Харадинај ќе „попушти“, сепак, до тоа не дојде.
„Таксите се и понатаму на сила. Нашиот разговор се претвори во дијалог и зборувавме за таксите. Нема да ги укинам таксите денеска, како што некои се надеваа. Тоа може да се случи само доколку дојде до меѓународно признавање Косово и Србија. Сакаме да дојде до укинување на таксите, но до таму има уште многу работа“, рече Харадинај.