Хари и Меган смислија план – вака ќе се обидат да ја придобијат кралицата

Принцот Хари и Меган Маркл планираат крштевање на нивната ќерка Лилибет во Виндзор.

Крштевката, според странските медиуми, ќе биде во присуство на кралицата Елизабета и останатите членови на кралското семејство.

За „Дејли мејл“ извор многу близок до парот открил дека принцот Хари ја споделил оваа желба со неколку луѓе за време на неговиот престој во Лондон, кога тој и неговиот брат Вилијам ја откриле статуа на принцезата Дајана во градината на палатата Кенсингтон по повод нејзиниот роденден.

„Хари им рече на неколку луѓе дека сакаат Лилибет да се крсти во Виндзор, исто како и нејзиниот брат. Тие се среќни да чекаат додека не го дозволат тоа околностите“, открил изворот.

Инаку, синот на Хари и Меган, Арчи беше крстен во капелата Сент Џорџ во Виндзор во 2019 година, а на приватната церемонија имаше само 25 гости. Тогаш не беше присутна кралицата Елизабета.

Крштевањето на малата Лилибет би било прва посета на Меган на Велика Британија откако парот ги напушти кралските должности минатата година.