Харис: Можеби повторно ќе се кандидирам за Белата куќа

Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, изјави дека можеби повторно ќе се кандидира за претседател и е уверена дека жена ќе биде претседател во иднина.

„Не сум го кажала мојот последен збор. Целиот мој работен век го поминав во (јавна) служба и тоа ми е во крвта“, изјави Камала Харис за Би-Би-Си, најдиректно навестувајќи досега дека повторно ќе се кандидира за претседател во 2028 година.

Харис ги отфрли неодамнешните анкети кои ја покажуваат како аутсајдер за номинацијата на демократите на следните избори.