Хистерија наречена Tелетабиси: Ќе се изненадите како денес изгледа куќата на познатата четворка!

Генерации на луѓе во своите дваесетти денес добро се сеќаваат на нивните омилени цртани херои Телетабиси. За лудилото по овие цртани херои доволно говори и фактот дека се е направено со нивните ликови.

Во создавањето на Телетабиси се вложи многу труд и време.

Затоа многумина се изненадија што ридот покриен со трева, односно куќата во која живееа Тинки Винки, Дипси, Лала и По, е денес езеро.

Розмари Гардинг, сопственичката на земјиштето во Вимпстон ​​Ворвикшир каде се наоѓаше сетот на Телетабиси, како што пренесува „Lad Bible“, изјавила дека многу обожаватели на серијата постојано доаѓале со намера да се фотографираат.

„Имавме многу луѓе кои влегуваа во имотот и се обидуваа да се фотографираат на оваа осамена област“, ​​рече таа.

Таа спомна и како луѓето ги прескокнувале оградите и оделе низ полињата за да стигнат до своите дестинации.

„Веќе една деценија е под вода и се е полно со диви животни. Тоа е нашиот дом“, додаде таа, додавајќи дека жителите овде сега уживаат во мирен живот, што не беше случај кога некогаш се снимаа „Телетаби“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното