Ви носиме рецепт за тост од јајца и пченкарни снегулки (попознати како корнфлекс).
Се што ви треба е:
– две јајца
– 3 лажици корнфлекс
– кашкавал
– шунка
Подготовка:
Прво ги спојувате јајцата и корнфлексот, а потоа на тостер ги ставате убаво да се запечат. Кога ќе добие златна боја, го вадите од тостерот и го сечете на средина.
Потоа постапката е иста како и кога правите тост, ставате кашкавал и шунка, и повторно го враќате во тостерот.
Овој вкусен појадок одлично оди и со чаша јогурт.