Кога размислувате за среќна и здрава врска, веројатно се фокусирате на големи нешта како заеднички патувања, вселување или свршување. Но, според TikTok, често токму малите нешта имаат најголемо значење. Токму тоа е основата на вирусната „теорија на нарот“, симпатично име за мали, секојдневни дела на љубезност кои можат многу да значат во врската, пишува Bumble.
Ако некогаш сте чистеле нар, знаете дека тоа бара труд. Лушпата е тврда, извадувањето на ситните црвени семки е комплицирано, а целиот процес често завршува со неред. Токму затоа, чин на чистење нар е совршена метафора за љубовта.
Генерацијата Z ја споделува оваа теорија веќе некое време на TikTok, а сега повторно стана вирусна. Се вели дека ако некој одвои време да ви исчисти нар, особено без да сте го побарале тоа, тоа може да биде знак дека таа личност е посветена и подготвена да прави работи поради кои се чувствувате сакано и згрижено.
@issaokamoto I didnt understand it until my mom told me to peel this lol
♬ original sound – j
Креаторката @issaokamoto објави видео во кое го чисти овошјето за својот партнер со опис: „Теоријата на нар ме прави најдобра девојка некогаш lol.“ Оваа теорија не се однесува само на романтичната љубов.
TikTok-креаторката @camiliarazavi раскажа како нејзиниот татко цел живот ѝ чистел нар, додека @itsjessilyn рече дека би го исчистила за секого, буквално и фигуративно, за да покаже колку ѝ е грижа.
@camiliarazavi Blessed with my dad who’s always given his daughters all the pomegranates and everything we’ve ever wanted #pomegranatetheory #orangepeeltheory #persianparents #immigrantparents ♬ original sound – David D
Што е „теоријата на нарот“?
Дали би го исчистиле нар за вашиот партнер? Дали тој би го направил тоа за вас? „Оваа теорија покажува на сите начини на кои некој учи како да ве сака и сите ситници кои љубовта може да ги опфаќа“, вели Shan Boodram, терапевт за секс и врски.
„Теоријата на нарот се однесува на бројни начини на кои вие и вашиот партнер се поддржувате меѓусебно. Тоа може да биде подготовка на утринско кафе, особено ако вашиот партнер не е утрински тип, или извршување на задача што тој тајно ја мрази. Можеби е тешко или малку досадно, но сепак го правите тоа.
Некои се фокусираат на помала метафора – идејата дека љубовта се состои од многу мали дела на љубезност“, вели Boodram. Но, постои и подлабока метафора во самиот нар. „Според мојата интерпретација, тоа е начин на кој некој ве отвора. Лушпењето на слоевите може да биде тешко и нередно, но наградата е слаткото овошје внатре“, објаснува Boodram. Тоа исто така укажува на важноста на бавно и нежно запознавање додека врската се развива. „Сè што вреди добро да се направи, вреди да се направи бавно. Тоа може да биде потсетник дека врските не се секогаш чисти или лесни, но сепак вредат за трудот“, додава таа.
@shannoncollinsphoto On pomegranate theory and missing your kid when they’re finally back at school. #PomegranateTheory #Parenting ♬ original sound – Shannon Collins
Дали вашата врска е силна?
Според Boodram, љубовта се манифестира на различни начини. За да проверите дали имате силна врска, таа препорачува две работи. Прво, замолете го партнерот да опише како се чувствува и како знае дека се чувствува така. На тој начин директно ќе дознаете за силата на вашата поврзаност, без да гатате. Второ, проверете сами со себе како се чувствувате со партнерот и начинот на кој тој се однесува кон вас. Се чувствувате ли безбедно? Сакано?
„Склоните сме љубовта да ја правиме таинствена и комплицирана, но таа често е само одраз. Ако се однесуваме како археолози на сопствените искуства, можеме да откриеме многу начини на кои веќе знаеме како се чувствува вистинската љубов – и тоа да го користиме како лакмус тест“, вели Boodram.
Враќајќи се на нарот, оваа теорија исто така укажува на важноста на меѓусебната поддршка. „Понекогаш вашиот партнер едноставно има вештина или капацитет што вие го немате. Другиот ден, можеби вие ќе бидете тој со повеќе трпение за да поминете низ потешкиот дел за да уживате заедно во наградата. Тоа е убавината на врските: кога ги правиме тешките работи заедно, никој не мора постојано да го носи товарот“, заклучува таа.
На некој начин, сето тоа може да се поврзе со еден нар.
Читај и ова:
- 1.Трагична несреќа во Словенија: Македонец почина по пад од скеле!
- 2.ВИДЕО Грабеж во златарница во Гостивар
- 3.Силен земјотрес од 6,7 степени го погоди островот Минданао на Филипини
- 4.Трамп сака НАТО да исклучи една земја: „Јавете им се и дознајте зошто заостануваат“
- 5.Маж од 272 килограми извлечен од дома со кран – спасувачите срушија и ѕид!