Старлетата Станија Добројевиќ отсекогаш напоменувала дека заработува од реклама на својот Инстаграм профил, но сега изплива и преписка која говори поинаку.
Имено, на еден Инстаграм профил била добиена наводна понуда за соработка од страна на старлетата.
Таа на една позната компанија им понудила реклама на својот Инстаграм профил, кој има повеќе од милион следбеници, а во замена барала да добие миксер или тостер.
„Добар ден, дали сте заинтересирани за соработка? Вие да ми подарите некој апарат за кујна (апарат за еспресо, миксер или тостер), а за возврат да ве рекламирам на мојот Инстаграм профил кој брои повеќе од милион следбеници“, напишала наводно Станија во понудата.
Од компанијата кратко одговориле со „НЕ“ и ставиле емотикон кој плаче од смеење.
— Pluton (@Pluton45873221) July 25, 2021
