ХОРОР ВО ЧЕШКА! Две лица загинаа во напад со нож

Две лица се убиени во напад со нож во продавница во Чешка, соопштија денеска официјални лица.

Полицијата соопшти дека уапсила осомничен кој утринава избодел две жени во продавница во градот Храдец Кралове, на околу 100 километри источно од Прага.

Првично беше соопштено дека две лица се повредени, од кои едно потешко, но на крајот беше објавено дека двајцата починале.

Ниту напаѓачите, ниту жртвите не се идентификувани.

Од полицијата наведуваат дека ситуацијата е под контрола и дека нема опасност за јавноста.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното