Обилни дождови предизвикаа поплави на улиците на турскиот град Бодрум.
Водената стихија носеше се пред себе низ улиците на овој познат турски туристички центар и едно од омилените на туристите од Македонија и Србија.
Луѓето панично бегале од автомобилите во кои почнала да продира вода.
Поплавени се многу деловни и станбени објекти во крајбрежниот дел од градот.
Надлежните служби се на терен и им помагаат на загрозените граѓани. Полицијата ги засили мерките за безбедност.
Пред само десетина дена во овој град на брегот на Егејското море стихија однесе десетина автомобили во море.
Извор: Сител
