4NEWS.mk

Хорор во романска болница: Дошол да се лекува на психијатрија, па со држач за инфузија убил 4 пациенти и ранил 9

Со држач за инфузија еден пациент уби четворица други во болница во романската општина Сапока, пренесуваат медумите.

Тој ги нападнал другите пациенти само три дена откако доброволно се пријавил во оваа психијатриска установа.

До крвавиот напад дошто утрото околу три часот по полноќ, во две различни одделенија. Пациентот (38) со метален држач за инфузија го нападнал својот цимер. Потоа влегол во женското одделение, каде со истиот тој држач почнал да ги удира пациентките.

Усмртил четири лица, додека деветмина ранил, од кои две паднале во кома.

Сите жртви имаат над 60 години и страдаат од различни психички проблеми.

Напаѓачот, кој во оваа болница се пријавил по своја волја, е приведен од страна на полицијата.

Во моментот кога го уапсиле, тој во рацети и натаму имал дел од држачот за инфуија со кој ги убил другите пациенти.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни