Страшен инцидент се случи на фудбалскиот терен во Велика Британија во кој животот го загуби десетгодишната Попи Аткинсон.
Додека децата тренираат, автомобил ненадејно налетал на теренот, при што Попи имала фатални повреди, додека уште едно девојче е полесно повредено.
Полицијата брзо реагирала и го привела 40-годишниот возач, кој моментално е во притвор додека трае истрагата за причините за несреќата.
Заедницата е во шок, а фудбалскиот клуб во кој тренираше Попи ги откажа сите викенд натпревари во спомен на трагично починатото девојче.
– Само што влеговме на теренот, автомобилот ги проби бариерите на врвот и потоа слета на теренот. Немам поим како возилото стигнало таму. Тоа беше чиста паника. Воопшто не беше пријатно. Децата беа очигледно исплашени, но тренерите навистина, навистина добро се справија со ситуацијата. Синоќа тука имаше многу семејства кои се собраа да ги поддржат мајката и таткото и пријателите на несреќното девојче – изјави очевидецот Скот Дина.
RIP Poppy 😥 #1Minute4Poppy
— Grassroots (@Teamgrassroots_) March 6, 2025
The girl who was killed when a car crashed on to a pitch where she was playing football was a "force of nature", her family has said. Poppy Atkinson, 10, was fatally struck by the vehicle while attending a training session at Kendal Rugby Club in… pic.twitter.com/UY7V0QUO5t