ОВЕН
Работа: Многумина сметаат дека не сте подготвени или способни да ги извршите задачите кои се пред вас. Силни сте, и ќе ја покажете својата моќ.
Љубов: Веројатно е денеска ден за засилена еротика и страст. Слободните имаат познанство во некој ресторан.
Здравје: Проблеми со вените.
БИК
Работа: Денеска никако да започнете нешто ново. Лоши соработници се пред вас. Морате да спроведете подобра енергија.
Љубов: Имате некои внатрешни тајни, тешко се отворате. Потребно ви е разбирање и поддршка.
Здравје: Мислите ви лутаат некаде.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Работата ви е важна бидејќи ги имате сите изгледи да се пробиете на врв. Поддршка ви треба, и ќе дојде од личност на работното место.
Љубов: Убави моменти со личноста која ве сака. Морате да бидете истрајни во својата врска. Вие сте некој кој сака заљубеност, страст, секс.
Здравје: Нервоза.
РАК
Работа: Малаксаноста укажува на тоа да претерано се трошите на работа и немате време за себе. Намалете ја работата и тоа ви е сериозен совет.
Љубов: Оние Ракови кои се сами, имаат голема шанса за нова љубов. Добра врска со Водолија или Риби.
Здравје: Често променливо расположение.
ЛАВ
Работа: Имате многу обврски. Ако не со работа, тогаш со претерана организација. Добро соработувате со личности од знаците Овен или Лав.
Љубов: Уживајте во љубовта и во есенските бои. Ова е добар ден за слободните Лавови кои одат по патот на среќата и нова љубов.
Здравје: Одлично се чувствувате, внимавајте на притисок.
ДЕВИЦА
Работа: Обврските кои ги имате носат многу одговорност. Премногу сте концентрирани на работи кои не се ваши и кои може да ги работат други колеги. Препуштете ги на соработниците на кои им верувате.
Љубов: Штом сте одвоени од партнерот, целосно се одвојувате од емотивната енергија. Мислите на љубов.
Здравје: Добри сте.
ВАГА
Работа: Со својата работа сакате да ги воодушевите претпоставените, но тоа го правите многу агресивно.
Љубов: Партнерот чувствува дека не може да одговори на вашите моментални потреби. Просто не ве разбира.
Здравје: Имате премногу енергија, потрошете ја на спорт.
ШКОРПИЈА
Работа: Размислувате за колегите со кои можете да манипулирате. Најпрактични се оние кои вашите идеи ќе ги спроведат во дело.
Љубов: Емоциите се на страна, многу резервирани и ладни. Нема место за објаснување.
Здравје: Посетете забар.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Доколку не обрнете внимание на случувањата во околината, тоа може да ве однесе кон погрешен правец. Последиците може да бидат долгорочни.
Љубов: Чуден ден, нема пријатели и партнерот ви пружа поддршка. Малку сте изгубени.
Здравје: Болки во коленото.
ЈАРЕЦ
Работа: Работите онака како што вие мислите дека сакате или сметате дека е потребно. Не ви е важно да заработите повеќе.
Љубов: Чувствувате потреба за љубов. Вие сте силен знак. Понекогаш од својата сила не ја гледате нежноста. Променете го таквиот стил.
Здравје: Јак имунитет, и го градите од ден на ден.
ВОДОЛИЈА
Работа: Пред вас е успешен ден. Чувствувате дека можете се да завршите и да тргнете по подобар пат. Посебно по пат на заработка.
Љубов: Денеска не сте себични, ги имате сите изгледи добро да поминете со партнерот. Можеби некаде да одите на краток пат, излет или ноќна забава.
Здравје: Имате чувство дека нешто ви пречи во воздухот.
РИБИ
Работа: Веројатно сте покажале завидно ниво на интелигенција. Вие сте некој кој мора сè да држи во своите раце. Бидете подготвени на разни критики. Тоа е добро за вас.
Љубов: Го зајакнувате својот систем на вредности во вашата врска. Вие сте личност со многу љубов. Давате сè што треба.
Здравје: Имате добро здравје.
