Балкан

ХРВАТИТЕ ПОВТОРНО ПРОИЗВОДУВААТ ОТРОВНО ОВОШЈЕ: Пестицидите што ги користат го уништуваат мозокот и хормоните на децата!

ХРВАТИТЕ ПОВТОРНО ПРОИЗВОДУВААТ ОТРОВНО ОВОШЈЕ: Пестицидите што ги користат го уништуваат мозокот и хормоните на децата!

Европскиот систем за следење на безбедноста на храната предупреди на присуство на забранетиот пестицид хлорпирифос во овошјето произведено во Хрватска, пишува хрватскиот портал 24сата.

Станува збор за пестицид кој е особено опасен за децата, а е откриен во мандарините во Хрватска и Словенија.

Тестирањето на овошјето покажало дека во овошјето е пронајден забранетиот пестицид во количина од 0,033 mg/kg, додека максималната дозволена количина е 0,01 mg/kg, пишува порталот.

Овој пестицид, како што се вели, е поврзан со нарушувања во развојот на мозокот, вниманието и хормоналниот систем кај децата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни