Хрватската ракометна федерација преку соопштение ги информираше македонските навивачи, да пристигнат порано во салата во Вараждин, каде ќе се игра натпреварот меѓу Македонија и Гвинеја, денес од 18 часот, бидејќи ќе има детални проверки, пишува М-Нет.
Зголемени безбедности проверки за навивачите доаѓаат откако Светската ракометна федерација го побара истото по настаните кои се случија пред два дена на дуелот со Холандија.
„Бараме ваша соработка, почитување на сите правила на однесување, за создавање позитивна навивачка атмосфера по која сме познати во целиот свет, со цел да се обезбеди непречено спроведување на натпреварот и безбедност на сите учесници“, се вели во сооштението од Хрватската ракометна федерација.
Како што велат хрватите, ќе има детални проверки на ранци, чанти и слично на сите посетители и навивачи.
Македонија е голем фаворит вечерва, а со победа одиме во следната фаза.