Со 116 гласови „за“ и два „против“, хрватскиот Сабор го ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.
На пленарната седница на која се случи гласањето, беше и делегација на Северна Македонијa. Хрватска е петта члекна на НАТО што го ратификува Протоколот за членство во НАТО.
Попладнево и црногорското Собрание го ратификуваше Протоколот, а на седницата присуствуваше спикерот Талат Џафери. Прва тоа го стори Грција, а по неа Словенија, Албанија и Бугарија.