Хрватска: Маж возел 181 км/ч на автопатот А3, и аблендирал на полицијата пред него!

Во неделата, 2 февруари, околу 11 часот на автопатот А3 кај Поповача, полицијата запрела автомобил со босански регистерски таблички, управуван од 52-годишен босански државјанин со брзина од 181 км/ч.

Возачот со своите светлосни сигнали го забрзал службеното полициско возило кое се движело пред него. Откако бил сопрен, полициски службеници констатирале прекршок за брзо возење.

Поради сторените прекршоци на возачот му била издадена мандатна прекршочна наредба и изречена е глоба во износ од 613 евра. Дополнително, му била изречена заштитна мерка забрана за користење странска возачка дозвола на територијата на Република Хрватска во времетраење од еден месец.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното