Државниот инспекторат на Хрватска најави голема акција за уривање на 124 бесправно изградени објекти на познатата плажа Зрќе во Новалија, која ќе се спроведе во наредните три недели. Најголем дел од објектите, дури 119, се наоѓаат во камп, додека останатите пет се угостителски објекти изградени без дозвола надвор од градежната зона.
Од Инспекторатот соопштија дека трошоците за отстранување на дивоградбите ќе паднат на товар на сопствениците.
Оваа акција е дел од пошироката кампања на хрватските власти против нелегалното градење. Од Инспекторатот најавуваат дека слични акции за уривање ќе се спроведат и во други делови на Хрватска. Според нивните податоци, од 2019 година до денес, во земјата се отстранети повеќе од 2.300 нелегални градби.