Хрватската национална телевизија го припои Крим на Русија, Украина бара извинување

Амбасадата на Украина во Хрватска побарала извинување од националниот телевизиски сервис ХРТ за објавување на мапа во која автономната република Крим е прикажана како дел од Русија.

„Таквото искривување на информацијата го сметаме за непримерна провокација“, изјавуваат од Амбасадата, притоа наведувајќи дека овој медиум не може да биде во спротивност со Владата на Хрватска која цврсто го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Амбасадата бара јавно извинување и превземање на мерки за спречување на појава на ваквите ситуации во иднина.

Извор: ТВ21