Хутите по заканата на Трамп: Најмалку 9 цивили загинаа во напади во Сана

Најмалку 9 цивили се убиени во напади во јеменскиот главен град Сана, соопштија бунтовниците Хути. Нападот уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп најави решителна и моќна воена акција против шиитската група, објавија агенцијата Франс прес, Асошиетед прес.

„Американско-британскиот напад беше насочен кон станбена област во северниот дел на главниот град Сана, која е под контрола на Хутите“, објави телевизијата Масира.

Досега, Лондон не потврдил никакви напади во Јемен, забележува АФП.

Според прелиминарните податоци од Министерството за здравство на владата на Хутите, „девет цивили се убиени, а уште девет се повредени, од кои повеќето потешко, во американско-британската агресија“ против Сана.

САД презедоа решителна и моќна воена акција против јеменскиот народ, објави Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното