И ДУИ во црквата „Св. Спас“ – ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на Гоце Делчев, македонски револуционер и визионер.

По тој повод, бројни делегации ќе положат венци на неговото почивалиште во црквата „Св. Спас“ во Скопје, вклучувајќи и делегација од Демократската Унија за Интеграција (ДУИ).

„Делегација на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) денеска ќе положи венец на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје по повод 4-ти февруари, оддавајќи почит кон неговото историско дело и наследство.  Церемонијата ќе се одржи во 11:00 часот“, велат од ДУИ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното