И Дурмиши со поддршка за најавениот бојкот на маркетите!

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ја поддржа најавената иницијатива за бојкот на маркетите поради високите цени на производите. На социјалните мрежи, тој изјави дека граѓаните имаат право сами да одлучуваат каде и како ќе трошат пари.

Дурмиши нагласи дека Министерството за економија вовело мерки за заштита на стандардот на граѓаните, вклучувајќи замрзнување на маржите на основните прехранбени производи. Тој ги критикуваше претходните власти за тоа што ги толерирале трговците кои зголемуваа цени без економска оправданост, што го влошувало стандардот на граѓаните.

Министерот додаде дека Државниот пазарен инспекторат ќе реагира доколку се утврди неоправдан раст на цените и ќе преземе мерки за заштита на потрошувачите.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се шири повик за бојкот на маркетите во петок, како протест против зголемувањето на цените на основните прехранбени производи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното