И паднал метеорит во креветот додека спиела – Канаѓанка се разбудила во пепел

Една жена во Канада се разбуди  во пепел по силната експлозија во нејзината соба и виде парче црна карпа на нејзината перница, за што подоцна се докажа дека е дел од астероид.

Рут Хамилтон првично мислеше дека може да биде парче од покривот, но истражувањата открија дека станува збор за дел од астероид што паднал во Алберта, во 23:30 часот, во време кога жената спиела.

„Веднаш скокнав и го вклучив светлото, не можев да сфатам што се случило“, рече Хамилтон.

Големата дупка во нејзиниот таван исто така беше показател дека тоа дошло одозгора. Таа повикала брза помош и полиција, а тие го повикале блискиот каменолом.

Го повикавме блискиот каменолом за да видиме дали изведуваат некакво минирање, но тие рекоа дека виделе силна светлина на небото што експлодирала и направила бучава, велат од полицијата.

Рут ќе го испрати метеоритот на Универзитетот во Западен Онтарио, додека нејзината осигурителна компанија се обидува да открие дали нејзината полиса опфаќа можност за надомест на штета за таква природна катастрофа.

„Единствено на што ми текнува е да кажам дека животот е скапоцен и дека може да исчезне во секој момент, дури и кога мислите дека сте безбедни и сигурни во вашиот кревет. Се надевам дека никогаш повеќе нема да го земам здраво за готово. Диносаурусите најверојатно би се согласиле“, рече таа.

Нема потврден запис за убиство на човек од метеори, иако има тврдења за многу смртни случаи во античко време.

Меѓутоа, Рут Хамилтон не е првата личност која била „промашена“ од вселенско летало. Лани една куќа во Индонезија беше погодена од метеорит тежок 2 килограми. Во 1954 година, една жена во Алабама исто така била погодена од метеорит.