И случајот со исчезнатата Вања на пратенички прашања, Ласовска го праша Спасовски дали ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните

Пратеничката Благица Ласовска на денешната собраниска седница на пратенички прашања посочи дека веќе петти ден го нема девојчето Вања.

Таа додава дека за жал освен девојчето, може да се забележи на страната дека има над 50-тина исчезнати лица.

„Прашањето ми е ако во Дебар Маало ви исчезне во сред бел ден, пред кафиќ „Броз“ и „Силбо“ кој што е центар, срцето на Скопје, каде што има голема фреквенција на луѓе, ако таму безбедноста не е добра тогаш што да се очекува на некои други одредени места“, праша таа.

Ласовска го праша Спасовски и дали ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните, а особено на децата и кога мисли да ја информира крајно вознемирената јавност за состојбата со видео надзорот т.н. Safe city.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното