И Србија се нуди за домаќин на преговорите за Украина

МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ на Србија, Марко Ѓуриќ, денеска во Москва изјави дека Србија сака да придонесе за решавање на конфликтот во Украина и дека е подготвена да биде домаќин на преговорите, пренесува Anadolu.

„Кога станува збор за нашата желба да придонесеме за решавање на актуелната ситуација во Украина, Србија е земја со релативно скромни геополитички капацитети ако го гледаме бројот на жители, но имаме голема желба да придонесеме за решавање на овој проблем, секогаш сме подготвени да бидеме домаќини на секаков вид формални или неформални разговори“, рече Ѓуриќ.

Инаку, Ѓуриќ зборуваше на заедничка прес-конференција по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Новинарите се интересираа дали Ѓуриќ разговарал со Лавров за можноста Белград да биде вклучен во разговорите за завршување на непријателствата во Украина, бидејќи Србија е една од ретките земји што моментално има добри односи со Вашингтон, Москва и Киев.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното