Иако во ЕУ во Хрватска демографска катастрофа, по подобра егзистенција во земјите од ЕУ

Хрватска поминува низ демографска катастрофа. Од земјата, од влезот во Европската Унија, заминале многу повеќе луѓе отколку што покажува официјалната статистика. Просечната старост на хрватските емигранти е многу пониска од претходните иселенички бранови. Сега заминуваат сѐ помлади лица.

Ова се заклучоците на новата анализа објавена од Институтот за јавни финансии.Групата експерти ги споредувале хрватските и странските податоци за иселувањето по зачленувањето во ЕУ и дошле до сознанија дека вистинскиот број на иселениците може да биде 2,6 пати повисок од државната статистика. Додека официјалната статистика прикажува 102.000 иселеници за период од 2013 до 2016 година, странските извори укажуваат на бројка од 230.000 иселени Хрвати.

Од нив најмногу се отселите во Германија, околу 71 отсто, следуваат Австрија и Ирска, која порано не беше на листата на посакувани земји за работа. Главни причини за заминувањето на Хрватите е нивната перцепција за подобри услови за живот во другите земји на Унијата, како и повисок степен на развој, наведуваат авторите на анализата.

Извор: ТВ21