Припадниците на техничкиот оддел на Министерството за внатрешни работи и на белградската полиција, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград – Специјалното јавно обвинителство за високотехнолошки криминал, идентификуваа и пронајдоа 12-годишно момче кое испратило закани со експлозивни направи по електронска пошта на адресите на неколку основни и средни училишта во Србија, како и на аеродромот „Никола Тесла“, дознава Танјуг.
Претходно денеска пристигнаа информации за поставени бомби во основно училиште во Раковица, како и во два авиони на аеродромот „Никола Тесла“.
Компаниите „Ер Монтенегро“ и „Визер“ синоќа соопштија дека пилотите на нивните летови добиле информации за подметнати бомби, поради што се евакуирани сите патници и членови на екипажот.