Македонија

„Идниот премиер Албанец ќе го избереме заедно со албанската опозиција, исто како Џафери“, рече Груби

Заедно со албанската опозиција, исто како при изборот на претеседателот на Собранието, Талат Џафери ќе го избереме и новиот премиер Албанец, рече Артан Груби вечерва во гостувањето во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

„Идниот премиер ќе го избереме со поддршка од албанската опозиција“, рече Груби.

Мислејќи на Алијанса за Албанците и Алтернатива, впрочем повторување на обединувањето за време на изборот на првиот претседател Албанец на Собранието, Талат Џафери.

Груби смета дека за нивниот кандидат ќе гласаат и етнички македонци, а порачува дека токму тој ќе донесе рамномерен развој на цела држава и едно општество за сите, а не како сега, како што вели тој, општество за една партија.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни