Пратеникот на коалицијата ВЛЕН, Халил Снопче на пленарната седница во Собранието изјави дека Илире Даути не е разрешена, таа и понатаму останува претседател на Комисијата за социјални работи и демографија и млади.
Oттаму се вели дека пратениците на ВЛЕН гласале против разрешувањето на Даути од функцијата како претседател на таа Комисија.
„Госпоѓата Илире Даути не е разрешена од функцијата претседател на Комисијата. Значи, мораме да го расчистиме ова прашање бидејќи имаше дезинформации во медиумите на албански јазик, бидејќи Илире Даути ќе продолжи да ја врши истата позиција. Затоа, она што беше протечено во медиумите е невистинито. Исто така, коалицијата ВЛЕН гласаше против разрешувањето на Даути“, рече пратеникот Халил Снопче.